Кога ќе се исцрпат сите можности за конзервативна терапија, Вашата хируршка интервенција ќе се спроведе ефикасно и одговорно од страна на докторите во нашата ординација. Ќе го решиме проблемот со отежната ерупција (никнување) на третите молари (умници), цисти или гнојни процеси на корените на забите, едноставни и сложени екстракции на заби итн. Некогаш хируршка интервенција е индицирана како предпротетска припрема за адекватно налегнување на протезата на меките ткива или за скратување на припојот на лабијалниот или лингвален френулум. Хируршки интервенции некогаш се потребни и пред ортодонтски третман за отварање на импактиран заб кој треба да се донесе на правилна позиција во денталниот низ (кортикотомија).

Од наша страна, ќе направиме интервенцијата да трае што пократко време, да биде безболна и без компликации, со претходно комплетно запознавање на пациентот со целиот тек на интервенцијата. По секоја хируршка интервенција ќе Ви дадеме усни и писмени инструкции за постоперативниот период да помине без никакви потешкотии.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.