Кај разни видови на беззабости, протетската рехабилитација овозможува реконструкција на изгубената форма, функција и естетика на забалото.

Ние изработуваме секаков вид на:

– парцијални и тотални акрилатни протези

– скелетирани парцијални протези (Wisil) со бредент копчиња

– порцелански мостови и коронки на метална основа (челична легура или титаниум), безметална основа (Zerconia) и Full Zerconia, компјутерски изработени со CAD CAM технологија во најврвните заботехнички лаборатории во Земјава.

Од друга страна, со помош на имплантологијата се избегнува носењето на мобилните протези или потребата за препарација на интактни (здрави) заби кои би биле носачи на мостовите конструкции.

Имплантите се мали шрафови изработени од титаниум, материјал кој е биокомпатибилен со организмот и на кој не се докажани алергиски реакции. Преку 40 години денталните импланти нудат комплетно надоместување на изгубените заби за долго време. Ние работиме со високо квалитетни импланти од фирмата Nobel biocare по Branemark системот, Ankilos, Impla и др. повеке од 20 години.

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.