Естетиката како наука за уметноста и уметничкото создавање, но и како филозофска дисциплина, се повеќе се појавува во стоматологијата како Естетска Стоматологија. Длабоката врска меѓу убавата и пред се здрава насмевка, самодовербата и личното задоволство, се остварува со успешни стоматолошки третмани. Една од главните карактеристики на естетската стоматологија е мултидисциплинарен пристап на проблемот, односно поврзување на повеќе стоматолошки гранки. Се што денес современите достигнувања во стоматолошката пракса на поле на естетиката можат да го понудат и на Вас Ви се достапни во нашата ордијација.

Насмевката е прозор на човековата душа, ги покажува нашите емоции, укажува на нашата виталност, младост, желба за убав и негуван изглед, па и сензуалност. Одтаму и човековата потреба да има здрави и убави заби е сосема разбирлива и е причина поради која естетската стоматологија брзо стекнала се поголем број на поддржувачи во светот. Со нејзина помош деталите или важните недостатоци во формата, бојата или положбата на забите кои со години Ви пречеле, на кои долго време сте се обидувале да се навикнете при тоа препишувајки и ја вината на природата или генетиката, денес со помош на стручни интервенции од страна на стоматологот може да станат минато.

Што всушност може да се постигне со естетската стоматологија?

Може да се корегира речиси секој проблем врзан за естетика и тоа:

– Заб што недостасува да го надоместиме

– Просторот меѓу забите да го намалиме или во потполност да го затвориме

– Неправилниот распоред на забите да го искорегираме

– Пребоени заби да ги избелиме

– Забите со неправилна форма и големина да ги искорегираме

– Темните пломби да ги замениме со нови високо естетски полнења

– Мекото ткиво да го излекуваме и преобликуваме

Доменот на естетската стоматологија е поделен на:

– Црвена естетика која се однесува на меките ткива во усната шуплина

– Бела естетика која ги третира забите т.е. нивниот изглед, форма, положба, боја и големина

Само со добра комбинација на овие два елементи, со висока стручност и соодветна опрема, можно е да се постигне врвен естетски резултат.

Феноменот “црвена и бела” (гингива и заби) естетика може да се разгледува и како уметничка слика и нејзината рамка. Иако уметничкото дело само за себе остава без здив, ако не е врамено во убава рамка тогаш нема да дојде до израз неговата убавина. Мултидисциплинарниот пристап во решавањето на стоматолошките проблеми подразбира користење на знаење и вештини од различни области од стоматологијата како би се постигнале високи естетски и функционални резултати.

Во нашата ординација може да добиете:

– Предпротетска припрема на забите и други структури во усната шуплина

– Обликување (моделирање) на гингивите со гингивектомија и гингивопластика (Soft tissue menagment)

– Корекции на малоклузии со ортодонтски третман

– Порцелански фасети и ламинати

– Порцелански коронки и мостови (безметална керамика) – циркониум и прес керамика E-max

– Ултра тенки порцелански фасети LUMINEERS, со кои се постигнува нова насмевка без болка, без препарација (стругање) на забите и без анестезија, во само две посети!

– Композитни фасети – Дизајн на насмевка

– Употреба на фиберглас колчиња

– Најврвни високо естетски невидливи композитни реставрации со нанокомпозитни пломби од најнова генерација

– Ласерско белење на заби

– Забен накит