Ортодонцијата е високо специјализирана стоматолошка и медицинска гранка која опфаќа дијагностицирање, превентива и третман на забно-вилични и лицеви неправилности, со коај се воспоставуваат или подобруваат лицево-виличните пропорции и се постигнува широка и убава насмевка со естетски и функционално правилно поставени заби.

Во нашиот третман нудиме врвна квалитативна интерцептивна (ран третман) и сестрана ортодонтска услуга без компромиси. Ги употребуваме најновите актуелно признати процедури и техники во светот како DAMON систем, BMT и др.

Во зависност од потребниот третман ортодонтските направи може да бидат мобилни или фиксни. Сега мобилните протези може да бидат и забавни за помладите пациенти, со тоа што може да бидат во разни бои по избор. (MIOBRACE)

Фиксните протези денес се со многу поубав дизајн, направени од биокомпатибилни материјали – специјални метални легури, титаниумски или естетски-керамични. Истотака, во нашата ординација може да добиете и ортодонтски третман со невидливи фиксни протези кои се поставуваат од внатрешната страна на забите (лингвална ортодонтска техника) без никој притоа да примети дека ги носите.

Пациентите кои активно соработуваат секогаш се предодредени на успех!

Без разлика на возраста ортодонтскиот третман секогаш е промена кон подобро!

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.