Насмевката е прозор на човековата душа.
Секој насмеан човек е убав човек.
Бидете убави!

Д-р Елена Михаилова е родена 1984 година во Скопје. Средно медицинско училиште завршува 2002 год. Во ДСМУ “Д-р Панче Караѓозов”, отсек медицинска сестра и истата година се запишува на Стоматолошки факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Факултетот го завршува 2008 год. со просек 9,00. Веднаш по дипломирањето го обавува стажот на Стоматолошка клиника.

Од 2009 год. е редовно вработена во ПЗУ “Д-р Илиев”.
2011 год. се запишува на специјализација по општа стоматологија (примарна стоматолошка здравствена заштита) на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
2013 год. специјализира со завршна одбрана на специјалистички труд на тема: “Мултидисциплинарен менаџмент на пациенти со хиподонција” и се стекнува со титулата специјалист по општа стоматологија. Континуирано посетува конгреси, семинари, симпозиуми, обуки, курсеви од различни области на стоматологијата на кои до сега се има стекнато со бројни сертификати за дополнотелна едукација.

Работи комплетна генерална стоматологија, со посебен афинитет и ангажман во:
естетска стоматологија, протетска рехабилитација, ендодонтски и пародонтолошки третмани.

Има активно познавање на англиски, српски, хрватски и влашки јазик.
Член е на Стоматолошка Комора на Р.М и на Македонското стоматолошко друштво (МСД).