Насмевката е прозор на човековата душа.
Секој насмеан човек е убав човек.
Бидете убави!

Иван Илиев е роден 1965 година во Скопје. Дипломирал 1995 г. на Стоматолошкиот факултет во Скопје при универзитетот Кирил и Методи. Специјализира 2000 година на истиот факултет на клиниката на ортодонција и се здобива со звањето д-р по стоматологија – специјалист по ортодонција.

Денес д-р Иван Илиев е со дваесетгодишно работно искуство во стоматолошката дејност во сопствена приватна ординација. Активен е во здруженијата од стоматолошката и ортодонтската фела од самиот почеток на неговата работа и денес веќе повеќе од десет години е член на управниот одбор на здружението на ортодонти на Р.М., со која активност учествува во организацијата на бројни семинари, симпозиуми, конгреси и курсеви. Презентирал постер презентации, усмени теми и работилници како инструктор од естетско-реконструктивна, протетска и ортодонтска област.

Во текот на овие години учествувал на бројни стручни збиднувања во нашата земја и надвор од неа, како обуки на Дентаурум – со повеќекратни посети на Pforzheim, Germanija – техника на рамен лак , Forestadent – Germanija за лингвална техника, Leone- Firenza , Italija за техника на рамен лак со ниско триење, De Comepestela, Шпанија за техника на RMO- SWLF – Synergy за која денес д-р Иван Илиев od RMO e doctor opinion и многу други.

Во нашата земја е присутен на сите стручни случувања од нашата фела со активно учество и следење на нашите ортодонтски активности.