За нас
Зошто Д-р Илиев
Нашата ординација претставува високо современ стоматолошки центар за целолицева ортодонтска и комплетна стоматолошка рехабилитација, која ги сплотува научното истражување и најновата технологија.
Стоматолошката ординација Д-р Илиев е основана на 1 Април 1991 г. од Др. Димитар Илиев спец. по ортодонција. Од своето создавање и огромното имплементирано меѓународно искуство, фамилијарна традиција со понатомошен континуитет проследена во трета генерација и јасна визија за понатамошниот наш развој водена денес од д-р Иван Илиев ординацијата претставува промотор на западноевропската доктрина и современата стоматологија кај нас.
Услуги
Дентални услуги
Уште со своите почетоци на Стоматолошката ординација Д-р Илиев се поставени безкомпромисно најактуелните протоколи и процедури создавајќи нов концепт и перспективи во пружањето на стоматолошката здравствена заштита.
3D/2D RTG кабинет
Дигитална стоматологија
Сеопфатна забновилична-лицева рендген дијагностика со Planmeca ProMax 3D + Ceph + ProFace со можност за снимање со најновата Scara технологија и најниските дози на зрачење до сега со Ultra Low Dose 3D - сертифициран и научно докажан протокол на снимање.